Плејмејкерот на Интер се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но тој нема да го напушти Милано во јануари.
По враќањето од повредата, Снајдер од клупа ги започна дерби натпреварите против Милан и Лацио, беше стартер на дуелот со Џенова.
Клаудио Раниери потенцираше дека Снајдер мора да се бори за стартното место како и сите други фудбалери, по што повторно се активираа гласини за негово заминување.
Сепак, Снајдер ќе остане во Интер најмалку до крајот на сезоната.
"Во добра форма сум и се чувствувам добро. Иднината? Ќе останам во Интер, тука ми е добро" - изјави Снајдер по вчерашниот натпревар против Лацио.
"Уште колку има до крајот на преодниот рок? Една недела, не? Останувам тука".
Интер во моментов игра во одлична форма, реди победи, па Снајдер верува дека Скудетото е достижно.
"Скудето? Доколку продолжиме вака зошто да не?"