Морати и Раниери ќе се обидат во зимскиот преоден рок да донесат напаѓач како засилување за тимот. Откако пропадна можноста Едуардо Варгас да премине во Интер и потпиша за Наполи, Интер најверојатно ќе се фокусира кон другиот Варгас, оној од Фиорентина.
Џанлука Ди Марцио ја следи ситуацијата околу Варгас и на неговиот веб сајт објави информација дека Морати е спремен
да потроши 10 милиони евра за ангажманот на играчот Фиорентина.
Потврда за заинтересираноста на Интер за Варгас доаѓа и од
перуанскиот весник La Republica, кој пак пишува за сума од 8 милиони евра.
„Во наредните неколку денови Андреа Дела Вале ќе се сретне за последен пат со Масимо Морати за да ги дефинираат деталите од договорот“
No comments:
Post a Comment