ШАМПИОНИ!!!

ШАМПИОНИ!!!

Thursday, December 29, 2011

Интер тргнува по Варгас од Фиорентина?



Морати и Раниери ќе се обидат во зимскиот преоден рок да донесат напаѓач како засилување за тимот. Откако пропадна можноста Едуардо Варгас да премине во Интер и потпиша за Наполи, Интер најверојатно ќе се фокусира кон другиот Варгас, оној од Фиорентина.

Џанлука Ди Марцио ја следи ситуацијата околу Варгас и на неговиот веб сајт објави информација дека Морати е спремен да потроши 10 милиони евра за ангажманот на играчот Фиорентина.

Потврда за заинтересираноста на Интер за Варгас доаѓа и од перуанскиот весник La Republica, кој пак пишува за сума од 8 милиони евра.

„Во наредните неколку денови Андреа Дела Вале ќе се сретне за последен пат со Масимо Морати за да ги дефинираат деталите од договорот“

No comments:

Post a Comment