ШАМПИОНИ!!!

ШАМПИОНИ!!!

Friday, December 30, 2011

Диего Форлан: Не заборавивме какоо се постигнуваат голови!


Репрезентативоецот на Уругвај, Диего Форлан конечно се опорави од повредата која го мачеше пола сезона, и сега со нетрпение го очекува стартот на другата половина од сезоната.
"Многу подобро се чуствувам и имам време да се одморам и да си ја вратам самодовербата. Пацини , Милито и јас никогаш не заборавивме како се постигнуваат голови" Изјави Форлан.
Интер моментално се наоѓа на петтата позиција во Серија а со 26 освоени бодови!

Интер тргнува по Дејан Ловрен?


Повторно шпекулации, шпекулации и шпекулации...
Овој пат во тоа е замешан младиот дефанзивец на Лион , Дејан Ловрен. Во весниците низ Франција се рашири вест дека Морати и претседатело на Лион биле во преговори за транфсфер на младиот хрватски интернационалец Дејан Ловрен. Останува да видиме колку има вистина во ова поради фактот дека моментално имаме доволно дефанзивци...

Thursday, December 29, 2011

Трансферот на Жуан во Интер е готов!

Заврши саката помеѓу Интер и младиот дефанзивец Жуан...
Жуан се очекува да потпише со Интер во најбрзо време. Тоа го потврди и неговиот татко кој изјави: Жуан ке оди во интер. Кога трансферот ке се заврши целосно , планирам да помина 3 месеци со него во Милано . Неговото семејство секогаш ке биде покрај него. - изјави неговиот татко... Уште една потврда дојде и од неговиот тренер кој изјави дека Жуан повеке нема да игра за нив!

Интер тргнува по Варгас од Фиорентина?



Морати и Раниери ќе се обидат во зимскиот преоден рок да донесат напаѓач како засилување за тимот. Откако пропадна можноста Едуардо Варгас да премине во Интер и потпиша за Наполи, Интер најверојатно ќе се фокусира кон другиот Варгас, оној од Фиорентина.

Џанлука Ди Марцио ја следи ситуацијата околу Варгас и на неговиот веб сајт објави информација дека Морати е спремен
да потроши 10 милиони евра за ангажманот на играчот Фиорентина.
Потврда за заинтересираноста на Интер за Варгас доаѓа и од
перуанскиот весник La Republica, кој пак пишува за сума од 8 милиони евра.

„Во наредните неколку денови Андреа Дела Вале ќе се сретне за последен пат со Масимо Морати за да ги дефинираат деталите од договорот“

Интер тргнува по Варгас од Фиорентина?



Морати и Раниери ќе се обидат во зимскиот преоден рок да донесат напаѓач како засилување за тимот. Откако пропадна можноста Едуардо Варгас да премине во Интер и потпиша за Наполи, Интер најверојатно ќе се фокусира кон другиот Варгас, оној од Фиорентина.

Џанлука Ди Марцио ја следи ситуацијата околу Варгас и на неговиот веб сајт објави информација дека Морати е спремен да потроши 10 милиони евра за ангажманот на играчот Фиорентина.

Потврда за заинтересираноста на Интер за Варгас доаѓа и од перуанскиот весник La Republica, кој пак пишува за сума од 8 милиони евра.

„Во наредните неколку денови Андреа Дела Вале ќе се сретне за последен пат со Масимо Морати за да ги дефинираат деталите од договорот“

Постои можноста за размена Снајдер - Нани !!!

- Медиумите во Англија многу зборуваат за иднината на Весли Снајдер,
кој минатото лето беше поврзан со Манчестер Јунајтед.Според последните
вести од Интер,на Јунајтед ќе му бидат вратите отворени доколку го даде
Нани во размена за Холанѓанецот.Португалецот секогаш имал проблеми со
Фергусон и тоа би можело да го натера да премине во Интер.На Раниери
пак би му одговарало добар техничар кој игра по крилата,со оглед на тоа
дека повеќе ја преферерира формацијата 4-4-2 со 2 крила.

ИНТЕР НЕМА ДА ГО ЗАДРЖИ ЗАРАТЕ


Позајмениот играч од Лацио не ги задоволи челниците на клубот па тој ке биде вратен на крајот од сезоната.

Нероазурите на Лацио му платија 2.7 милиони евра за позајмица на Мауро Зарате, со опција, ако доплатат уште 15.5 милиони целосно да го откупат неговиот договор.

Сепак челниците на миланскиот клуб не се задоволни од до сега прикажаното од Аргентинецот и најверојатно нема да го откупат неговиот договор.

Зарате досега настапи на 12 натпревари во италијанското првенство и сеуште нема постигнато гол за Интер во Серија А. Единствениот го има постигнато против ЦСКА во Лигата на шампиони.

Како уште една причина за да не го задржат во своите редови се спомнува и купувањето на талентираниот Бразилец Лукас Моура кој настапува за Сао Паоло. Цената на 19-годишниот напаѓач е негде околу 30 милиони евра.